(ВИДЕО) „Мајчинството ме уништи“, а Новак сака уште деца: Јелена Ѓоковиќ ја отвори душата

693

Ѓоковиќ за прв пат зборуваше за брачните кризи

Во разговорот со новинарот Греам Бесинџер, Новак откри многу за неговиот приватен живот и го разбранува интернетот, а во разговорот учествуваше и Јелена Ѓоковиќ. Открија многу непознати детали за нивниот брак, родителството и кризите низ кои поминувале.

На прашањето дали сака повеќе деца, тој го рече следново:

– Упс! Тешко прашање! Во моментот, задоволен сум со нашите две деца. Ќе ти дадам еден одговор како политичар: За нас, како брачна двојка, оваа состојба во моментот е сосема добра. Тоа е сè што ќе кажам засега – рече Ноле.

На забелешката на новинарите дека тоа не значи дека во иднина нема да има повеќе деца, Ноле вели: „Никогаш не знаете. Животот е полн со прекрасни изненадувања и ние сме благословени со нашите двајца ангели од кои учиме толку многу“.

Ноле исто така вели дека кога станал татко станал свесен колку е длабоко способен за љубов, но и дека родителството носи огромни одговорности.

– Тие ќе пораснат сосема поинаку во однос на мене и тоа има добри и лоши страни. Тие нема да имаат финансиски проблеми со кои се соочивме ние, но мислам дека ќе се соочат со различни предизвици, затоа што секогаш ќе бидат препознаени како нечиј син и ќерка, деца на некој познат. Тара е сè уште мала, не е свесна за ситуацијата. Стефан е одличен, тој е свесен за сè, тој ме виде на неколку турнири додека играв, тој почнува да разбира, тој е многу паметен и зрел, но добро се снаоѓа со сè – вели Ноле, истакнувајќи дека ќе биде голем предизвик за нив да градат свој идентитет, одвоено од етикетата на децата на славните родители.

Во интервјуто учествуваше и Јелена Ѓоковиќ, која се осврна и на предизвиците на родителството.

– Кога го прашав Новак дали сака повеќе деца, очигледно беше дека се чувствува непријатно со прашањето. Потоа го прашав кој навива за повеќе деца и тој ми откри дека е тој. Што велиш на тоа? – ја праша новинарот Јелена.