ВИДЕО: Лино Червар во епизодата „Интелектуална шпионажа“ против Македонија!

0
93

По одработените први две победи со селекциите на Јапонија и Бахреин, кои реално и ги очекувавме, пред нашата репрезентација е големиот, можеби најголемиот предизвик во нашата група, мечот со Хрватска.

Мечот ќе се игра утре од 18 часот, така да тесен ќе биде периодот за сумирање на впечатоците, дел од проблематиките кои треба да се исправат во одреден дел од нашата игра, но што е тука е, не очекува меч против силна и за нијанса поквалитетна репрезентација од нашата.

Селекторот на „коцкестите“ и поранешен селектор на Македонија, Лино Червар, не сакаше да остави ништо на случајноста, па денеска беше во спортската сала, каде одблиску ги „шпионираше“ нашите или добро ги скенира за утрешната меѓусебна пресметка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here