(Видео) Ленка и нејзиниот сопруг освоија 105 милиони на лотарија: Нивните планови за трошење на парите сите ги изненадија

246

Британскиот пар кој освои неверојатни 105 милиони фунти на лотаријата ЕуроМилионс, по долго размислување одлучија да не го кријат нивниот идентитет.

Ленка (41) и нејзиниот сопруг кој работи како градежен работник, Стив Томпсон (42) од Селси, одржаа конференција за новинарите и неколку пати повторија дека и понатаму се шokирани од огромната добивка која ја освоија пред 7 дена.

“Започнав да се тресам. Знаев дека се работи за голема добивка, воопшто не знаев што да направам. Шетав надвор и внатре, заминав до комбето па повторно се вратив, сакав да им тропам на сите соседи и да им раскажам се…”, вели Стив.

“Сите работи кои ги договорив до Божиќ, ќе ги направам како ништо да не се случило. Секако не планирам да седам во место, бидејќи едноставно не сум човек кој сака да седи. Мојот деловен партнер знае дека и понатаму сум тука ако му требаат уште еден пар раце”, вели таткото на три деца.

“За нас ова е голем настан. Но, ќе останеме во квартот, бидејќи тоа ни се допаѓа. Ќе им помогнеме и на членовите на нашата фамилија да си купат куќа за себе”, вели Ленка.