(Видео) И македонката плaчe исто за своето дете: Гркот кој не се плaши да кaжe Македонија и Македонци

280

Познатиот грчки комичар Џими Цапас ја разбранува и македонската јавност на социјалните мрежи по прекрасниот видео монолог кој го објави на својот Фејсбук профил.

Тој ги поздрави пријателите Македонци, а причината за неговото видео беше порака која ја добил од Македонец, Тони кој му порачал дека и покрај политичките несогласувања кои ги имаат двете држави го следи и многу го почитува тоа што го работи.

Цапас во неколку наврати го искористи името Македонија, а нашите граѓани ги нарече Македонци потенцирајќи дека пред да биде Грк е човечко битие.

Тој запраша зошто треба да мразам некој од Македонија, затоа што сум Грк? Затоа што политичарите така велат, додава тој.

Цапас понатаму прашува дали кога македонката ќе го загуби своето дете плаче различно од гркињата, сите рониме солзи истакна тој.