Видео: Хаос на прославата во Ливерпул – 300 навивачи два часа се тепале со полицијата

92

Полицијата била гаѓана со различни предмети, а дел од униформираните полицајци биле нападнати од навивачите во центарот на Ливерпул во петокот навечер, кога се славеше првата лигашка титула на „црвените“, објави градоначалникот на Ливерпул, Џо Андерсон.

Ливерпул станаа шампиони во четврток навечер, по што во петокот, неколку илјади навивачи се собраа во центарот на градот, каде што избиле нереди, тврди Андерсон, кој додава дека 300 навивачи се тепале повеќе од два часа со полицијата пред ситуацијата да се смири во саботата наутро.

„Полицајците баа нападнати и повредени, а тие се само јавни службениоци на својата работа. Шокантно однесување за кое нема изговори“, напиша Андерсон, инаку навивач на Евертон на Твитер.

И од полицијата го потврдија инцидентот.

„Еден човек бешее уапсен за напад, а еден доби повреди на главата и останува во болница. Двајца полицајци имаат помали повреди од објекти кои беа фрлани од навивачите. Вкупно 15 луѓе беа уапсени во центарот за различни прекршоци“, изјави шефот на полицијата во Ливерпул, Енди Кук.