Минаа повеќе од 4 години од мистериозното исчезнување на малезискиот патнички авион “MH370”, а и натаму низ светот кружат теории за тоа што точно се случило со леталото.
Рос Ејмер, поранешен пилот со повеќе од 40 години искуство, верува дека капетанот на малезискиот авион свртел од курсот за да се обиде да слета на аеродромот во Малезија.
Според неговите зборови, авионот се запалил и пилотот морал нагло да сврти на лево за да дојде до аеродромот Пенанг.
“Додека летале, веројатно ја изгубиле свеста или умреле, а авионот од некоја причина направил уште едно вртење на лево”, рекол тој.
Ејмер, еден од најискусните пилоти на светот, изнел теорија дека некаков удар или посилна турбуленција би можела да предизвика пожар во делот на авионот со литиумски бетарии, што било невозможно да се изгази.
Леталото можело неколку часа да мине во воздух додека не останало без гориво и се урнало во океанот.
Потсетуваме, авионот MH370, со 239 патници, исчезнал со радарот на 8-ми март 2014-та година, на пат од Куала Лумпур до Пекинг.
Официјалната истрага на малезиската влада не успеала да утврди што точно се случило со авионот бидејќи никогаш не било пронајдено вистинското место на падот. Индискиот океан е непрегледен и многу е тешко да се најдат деловите од авионот. Сепак, експертите сметаат дека критичното вртење е направено рачно пред леталото да исчезне без трага.