(Видео) Голема потера во Србија – со хеликоптери и со кучиња се трага по педофил кој грабнал 12-годишно девојче

217

Голема потера е во тек во близина на Ниш, Србија, каде што полицијата и војската со хеликоптери и со кучиња трагат по педофил кој грабна 12-годишно девојче. Полицијата од вчера го бара осудениот силувач Нинослав Јовановиќ, познат и како малчански бербер, е осомничен за киднапирање на 12-годината Моника.

Полицијата го бара од вчера, а кругот за пребарување се стесни кога беа пронајдени неколку траги во селото Орешец. Тимот на „Еспресо.рс“ е со полицијата на местото каде што очевидци тврдат дека го виделе педофилот со девојчето – на железничката пруга Ниш – Зајечар. Неофицијално, полицијата извршила увид на 40-ина километри од областа. Тие пропешачиле 12 километри по пругата во потрага по девојчето.

Коса на Моника била пронајдена во куќа во Орашец, а во Малча нејзиниот ранец.

Покрај 220 полицајци, во потрагата се вклучени хеликоптерски единици и трагачи на кучиња, а се користени и термовизиски камери.

Девојчето исчезнало во петокот на 20 декември, а последен пат било видено во 7.20 часот кога тргнало на училиште, по што му се губи трагата. Нинослав Јовановиќ, по потекло од Малча, пред повеќе од една година, по издржувањето речиси 20 години затвор, повторно бил уапсен бидејќи демнел и им се заканувал на жени на „Фејсбук“.

Прекарот малчански бербер го добил бидејќи ги потстрижал сите свои жртви, а пред судот признал дека потстрижувањето девојчиња го возбудува. Тој пред 25 години силувал жена и девојче, а кога во 2005 година бил пуштен на условна слобода, нападнал 12-годишно девојче. Двете претходно ги потстрижал, а едната и ја силувал. Повторно завршил во затвор, од каде што излегол минатата година.