ВИДЕО: Драмата во Виена низ 72 секунди… „Бомбардерот“ Кире и феноменалниот Митревски ни ја донесоа победата!

706

Сосема очекувано капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров кога беше најнеопходно со „бомби“ од девет метри дополнети со извонредните одбрани на Никола Митревски ја донесоа победата (26-25) за Македонија против Украина на отворањето на Европското првенство 2020.

Македонскиот состав, без разлика што наиде на силен отпор од Украинците, сосема заслужено стигна до победата на крајот запишана со голот во последната секунда на Лазаров… Сето тоа за огромна еуфорија на трибините кај присутните македонски навивачи. Како изгледаше сето погледнете низ следните 72 секунди…