Активистите од политичката партија Левица денеска го „окупираа“ меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“ во Прилеп каде се одбележува државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание.
Како што можеше да се види од преносот во живо, 11 партиски активисти застанаа пред споменикот и го попречија патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња пред споменикот.
Делегациите предводени од премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски, како и од Собранието, Армијата, Сојузот на борци и други беа принудени да ги заобиколат за да пристигнат до местото за положување свежо цвеќе.
Погледнете во видеото:

















![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)















