(ВИДЕО) 269 патници во паника, 35 повредени: Поради силни турбуленции авион слета принудно

640

Авион на „Ер Канада“, поради силни турбуленции, принудно слета на Хаваи, при што 35 лица се повредени.

Како што соопшти компанијата, авионот летал кон Австралија, но бил принуден да слета поради „непредвидени и изненадни турбуленции“.

-Според сегашните информации, 35 лица се полесно повредени, изјави портпаролката на компанијата.

Турбуленциите, како што изјави, пак, портпаролот на американската Федерална администррација за воздухопловство, се случиле на околу 11.000 метри, на околу 950 километри од Хонолулу.

Во авионот имало 269 патници.