ВЕЛО МАРКОВСКИ: Се најавуваат температури од 38 степени, според науката, вирусот до сега требаше да ја загуби силата

976

Од следната недела се најавуваат температури до 38 степени. Според епидемиолозите, инфектолозите, еминетни светски експерти се очекуваше дека корона вирусот ќе ја изгуби силата, ќе нема голема вирулентност о голем потенцијал на преносливост.

И инфектологот, проф.д-р. Вело Марковски, за Фактор изјави дека според сите досегашни научни сознанија, вирусните инфекции во текот на летниот период се намалуваат.

-Факт е дека сонцето, високиот индекс, односно  УВ-зраците ги уништуват вирусите. Тоа го кажуваат сите научни истражувања. Вирусите се заштитени со масни наслаги кои под влијание на високите температури се топат, со што вирусот нема големо разорно дејство.  Затоа и во текот на летото немаме толку голем број на инфицирани. Но, за ова сега, за да изведеме конкретни заклучоци потребни се навистина многу податоци. Инаку, според тоа што следа, во топлите земји, Катар, Саудиска Арабија, бројот на заразени со корона вирусот е незначителен. Но, кај нас имаме една друга слика. Повеќе од забележително е дека собирањето на граѓаните донесе вакви резултати. Можеби и мерките предолго траат па веќе им се смачи, или ја изгубија довербата, но сепак ќе видиме како ќе се одвива состојбата понатаму во земјава, вели д-р. Марковски за Фактор.