По поминувањето на сите административни процедури, британската вакцина „Фајзер“ од март ќе биде достапна и за граѓаните во Македонија.
Според ковакс договорот Македонија ја зема првата вакцина која ќе биде одобрена и од Светската Здравствена Организација. Македонија предвидува 833 илјади дози од вакцината што ќе покрие 20 проценти од населението, а истата е потребно да се прими во две дози. Првите дози се очекуваат во првото тримесечие јанури – март.
За професорката Грозданова и министерот Филипче носењето на вакицната ќе биде една од најголемите логистички операции. Од нејзиното пристигнување, транспорт и чување се до ординациите каде ќе се аплицира вакцината. Температурата на трнспорот ќе биде според протоколите на прозвиодителот со температура до – 70 степени.
Вакцината нема да биде задолжителна за сите граѓани. Во првата фаза ќе се вакцинираат здравствените работници, хронично болните и возрасната популација. Според Грозданова се планира и дополнителна набавка на вакцини и за останата популација.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)




















