Вака денес изгледа Сара, ќерката на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски (ФОТО)

871

Поминаа речиси 15 години откако во 2004 година македонскиот претстедател Борис Трајковски трагично го загуби животот во авионска несреќа кај Мостар.

Оттогаш неговата сопруга Вилма со своите деца се повлече од јавноста и ретко се појавуваше во медиумите. Нејзините тогаш малолетни деца, синот Стефан и ќерката Сара уште помалку. Едноставно, продолжија да  живеат тивко, повлечено, настрана, без било каква помпа или медиумско експонирање. Единствено најблиските околу нив знаеја како им минуваат деновите, што прават, како растат и се развиваат децата, што одбрале да учат, по кој пат тргнале…

Освен во деновите кога се одбележуваше споменот на претстедателот Трајковски и кражбата во нивната куќа во 2012 година кога непознати лица упаднаа во вилата на семејството на екс претседателот, за нив речиси и не можеше да се слушне и дознае ништо.

Годините минуваат, времето лета, а децата на поранешниот македонски претседател пораснаа… Така на социјалните мрежи и интернет порталите осамнаа неколку фотографии од Сара, ќерката на Борис и Вилма Трајковски која сега живее  во САД, каде студираше на еден од познатите универзитети во Њујорк.

Сара физички многу личи на мајка и Вилма во помлади години. Физкусот, торусот, цртите на лицето, фризурата, бојата на косата… едноставно во многу нешта кога ќе ја видите, Сара е „плукната“ Вилма…

Но она што не се гледа на прва, а добро упатените велат е „копи-пејст“ на татко и, е енергијата, сферата на интерес, желбата да се биде постојано активен, умерен… и сето останато што карактерно го красеше и одликуваше покојниот претседател Трајковски!

Дали тоа можеби значи дека политиката во иднина ќе биде нејзиниот избор и определба, останува допрва да видиме. Сега за сега Сара е само обична девојка која дури и во далечната Америка во себе ја носи љубовта за Македонија и споменот на нејзинио татко – големиот човек и државник, претседателот Трајковски!