УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Вработен во кладилница совлада вооружени крадци мислејќи дека е шега (ВИДЕО)

346

33-годишниот Веселин Ивковиќ кој од драмата која се одиграла завчера во околу 03:10 во локал, каде работи повеќе од 10 години, излегол како победник и тоа затоа што со голи раце им се спротиставил на вооружените разбојници.

-Стоев зад шанкот кога дојдоа двајцата момци, вооружени, мислев дека навистина е шега и им реков „излезете надвор“. Тие повторуваа „кражба кражба, пари, пари“, а јас „излезете надвор“. Имаа капи и марами преку лицето и во еден момент вперија пиштол и пушка во мене. Испукаа куршум, а јас дури тогаш се фрлив под шанкот. Се обидоа да ги земат парите, а јас се трудев да ја задржам вреќата со пари. Не бев ни свесен што правам, едноставно сакав да си ги одбранам парите. Кога ги погледнав снимките од безбедносните камери, како тогаш да видов што се може да се случи. Можеби и адреналин беше во прашање, па така изреагирав – рекол Веселин.

Касата во тој момент се нашла на подот од обложувалницата, а парите се расфрлиле. Разбојниците собрале минимален дел, околу 7.000 динари, а прометот изнесувал 100.000 динари.