Јункер одговорил на телефонскиот повик од сопругата насред говор на самит и ги насмеа присутните

817

Мобилниот телефон му заѕвонил три пати, а Јункер се одлучил кратко да го прекине разговорот и да одговори на телефонскиот повик од сопругата.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер ги насмеа сите присутни кога одлучи да одговори на телефонскиот повик од својата сопруга насред говор на самитот на ЕУ и Арапската лига кој беше одржан во Египет во понеделникот.

На присутните новинари им кажал дека добил повик од “главниот осомничен” т.е. од неговата сопруга, при што предизвика смеа во публиката. Потоа сосема опуштено продолжи со својот говор.