Ѕвездата на Доналд Трамп на Булеварот на славните во Лос Анџелес е повторно демолирана, а вандалот, како што се наведува, се предал на полицијата еден час подоцна.
Полицијата добила пријава дека ѕвездата била уништена во 3:30 часот рано наутро, а изгледа дека мажот кој ја демолирал со копач, сам се пријавил во полиција.
Се што останало од ѕвездата е дупка во земјата и парчиња бетон, а ѕвездата била пронајдена на тротоарот во близина.
Иако вандализмот се случил пред изгрејсонце, има многу сведоци на уништувањето на ѕвездата, вклучувајќи и работник во обезбедување.
Многу од минувачите подоцна застанале да го фотографираат и снимаат тоа што останало од ѕвездата на претседателот на САД. Инаку, ова не е прв случај на напад на ѕвездата на Трамп, која била заменета во октомври 2016. година.

















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















