Уништен уште еден автомобил на Македонец во Грција

633

Продолжува иживувањето со македонските туристи во соседна Грција.

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа нови фотографии од демолиран автомобил на Македонец кој се решил летниот одмор да го помине кај јужниот сосед.

Инцидентот се случил во Вурвуру, популарно летувалиште на вториот крак на Халкидики, Ситонија.

Дамјан од Скопје кој се обрати до нашата редакција истакна дека полицајците биле многу учтиви и срдечни и му се извиниле од името на грчкиот народ, земале записник и ги земале како доказ снимките од околните камери.

.

Не станува збор за изолиран инцидент бидејќи летово деесетици автомобил на македонски државјани во Грција беа уништени од локалното население.

И покрај промената на името и потпишувањето на Преспанскиот договор кој требаше да биде симбол на почетокот на новото пријателсто помеѓу двете земји, реалноста за жал е многу поинаква.