Шеф Марк Де Јонг стана препознатливо лице во Македонија преку ТВ проектот „Брза кујна“ кој на телевизија Сител се емитува веќе неколку години. Марк е една од оние јавни личности што не ја сокрива приватноста, а со тоа нема проблем и да ги покаше своите сакани.
Најголем дел од приватните фотографии кои ги објавува се заедно со сопругата Василка која многу често знае да ја спомене во интервјуата.
-Сопругата најмногу ги сака сосовите што ги правам, бидејќи во секое јадење треба да има сос, тоа е француска кујна. Тоа е вкусот што ја дава целината на јадењето, вели Марк во една прилика.
ФОТО:МАРК ДЕ ЈОНГ/ФЕЈСБУК
Шеф Марк и госпоѓа Василка често сакаат да патуваат, но годинава поради коронавирусот како и останатите, беа спречени да одат подалеку од границите на земјата.
Неодамна споделија моменти од едно такво патување во Маврово каде одмораа во хотел и се релаксираа, а Марк не пропушти да сподели на својот профил на Фејсбук.
ФОТО:МАРК ДЕ ЈОНГ/ФЕЈСБУК
Од приложеното може да се забележи дека неговата понежна половина изгледа ултра згодно, па во тесните црни фармерки изгледа како манекенка со долгите и витки нозе.
ФОТО:МАРК ДЕ ЈОНГ/ФЕЈСБУК
Госпоѓа Василка ја одржува својата линија со вежбање во теретана, а неодамна видовме и дека му е поддршка на сопругот во намалувањето на килограмите.













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















