УЕФА со истрага против Ибрахимовиќ: Му се заканува доживотно отстранување од фудбалот

642

Еден од најдобрите напаѓачи во фудбалската историја, Златан Ибрахимовиќ, би можел на контроверзен начин да ја заврши својата кариера доколку се утврди дека има врска со обложувалницата „Bethard“.

Ибрахимовиќ, кој пред неколку недели направи одлично дело со тоа што бараше да не се казни Црвена Звезда поради навредите на негова сметка на стадионот „Рајко Митиќ“, се наоѓа во голем проблем бидејќи УЕФА официјално отпочнала истрага.

Шведските медиуми пренесуваат дека компанијата на Златан – „Unknown AB“ поседува 10 отсто од познатата обложувалница „Bethard“ со седиште на Малта.