Лидерот на озлогласената секта која брои илјадници членови бил уапсен во Сибир со уште двајца соучесници.
Сергеј Тороп, кој меѓу своите следбеници е познат како Визарион, во 1991-ва година ја основал “Црквата на последниот тестамент” во Сибирскиот регион Краснојарск, пренесува “BBC”.
Тројцата уапсени се осомничени и за изнудување пари и за нанесување на психички и физички повреди на своите следбеници.
Сергеј Тороп, Вадим Редкин и Владимир Ведерников се осомничени дека ја основале религиската организација “меѓу чии активности е и насилство над своите членови”.
Руските истражувачи рекле дека ова трио земало пари од своите следбеници и дека психички и физички ги злоставувале.
Од основањето на сектата по падот на Советскиот сојуз, 59-годишниот Тороп, инаку поранешен полициски службеник, привлекол илјадници следбеници. Некои од нив верувале дека Тороп е всушност воскреснатиот Христос.
Russian religious sect leader Sergei Torop arrested over allegations of causing harm to followers https://t.co/RagKcA88Bt
— BBC News (World) (@BBCWorld) September 22, 2020
Следбениците на “Црквата на последниот тестамент” во 1995-та година основале своја населба позната под името Град на Сонцето, во регионот Курага. Неколку стотини луѓе живеат таму и во уште неколку населби во реигонот.
Руското министерство за правда во 2000-та година објавила дека сектата има 10.000 следбеници ширум светот.

Припадниците на Црквата на последниот тестамент не смеат да пушат, пијат или да користат пари, а мора да живеат во скромни услови. Исто така, не смеат да внесуваат месо, кафе, чај, шеќер, леб со квасец и житарки.
Следат учење кое се темели на комбинација од методите на руската православна црква и реинкарнацијата, а се подготвуваат за “неизбежната апокалипса”.

















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















