Три Славонки покажаа типови на луѓе кои ќе ги сретнете на народно оро и го насмеаја целиот регион

284

Ви се чини ли во секое народно оро секогаш постои една личност која прави по своето? Не сте единствени со таков впечаток а сега постои и видео кое го докажува тоа. Овие три Славонки ги покажаа сите иритантни личности кои ги сретнуваме токму кога ќе се заигра орото.

Орото е народна игра кое се изведува на различни веселби а веројатно и самите барем еднаш сте заиграле – дури и ако не сте вешти во тоа. Како и секој друг танц ни овој не им лежи на сите па често имаме прилика да видиме секакви типови кои играат.

Меланија, Магдалена и Катарина од Осиек снимиле видео во кое ги емитираат различните типови на луѓе во оро, а видеото за кратко време стана хит на Фејсбук.
Девојките открија како воопшто дошле до идеата да го снимат видеото, „Сосема случајно. На еден час дојдовме до идејата да се пошегуваме на таа тема.“

Овие девојки заедно студираат и имаат 20 години. Катарина е поранешна танчерка, Магдалена е член во КУД ( друштво за народни танци), а Меланија е пожарникар , но како што вели и самата сака да игра оро.

[TIPOVI LJUDI U KOLU]Svi smo se barem jednom susreli s takvom osobom…Suradnice: Katarina, Magdalena, Marija, Martina i Tihana ♥Lajkaj, komentiraj, dijeli.. Radi šta oš…

Posted by Melanija Trupina on Tuesday, January 15, 2019

За десет дена видеото собра повеќе од 230.000 прегледи.
Девојките велат дека сега немаат слични видеа, но со задоволство ќе го снимат продолжението ако се појави нова оригинална идеа.