Трамп тврди дека никогаш не пие алкохол: Ако пијам би бил најлошиот на светот

0
185

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не пие алкохолни пијалоци, шегувајќи се дека доколку би пиел алкохол, би настанал целосен хаос.

„Можам искрено да кажам дека никогаш во животот не сум пиел пиво и тоа е една од моите добри страни. А да пијам, можете да замислите во каков хаос би се претворил? Би бил најлошиот на светот“, изјави Доналд Трамп, пренесува новинската агенција „АП“.

Доналд Трамп го изјави тоа на конференцијата за новинари на која што се осврна на коментарот на кандидатот за судија во Врховниот суд на САД, Брет Кавано, за конзумирањето на пиво во средно училиште и на колеџ.

Постариот брат на Трамп, Фред Џеј Ар, почина после тешката борба со алкохолизмот, откриваат американските медиуми.

Американскиот претседател, кој што вели дека извлекол поука од искуството на Фред, својот брат претходно го има опишувано како „одличен дечко“, но и човек кој што има „проблеми со алкохолот“.

Противниците на Доналд Трамп веднаш на социјалните мрежи започнаа да се шегуваат на негова сметка, објавувајќи фотографии од државните посети на американскиот претседател кој што во протоколот наздравувал со домаќините со чашка алкохол.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here