Трамп се пофали: Кина и Русија немаат оружје како нашето! Му се допаѓам на Путин и тој ми се допаѓа на мене

636

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Кина и Русија не поседуваат оружје какво што има Америка и одговори на критиките за неговиот добар однос со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп ги прокоментира деловите од книгата на американскиот новинар Боб Вудвард во кои самиот тој открива дека САД развиле нов нуклеарен систем каков што немаат ниту Кина, ниту Русија. Поради тоа, Трамп се соочи со критики, а критичарите тврдат дека американскиот претседател во интервјуто со таквите изјави открил воени тајни.

„Имаме одлично вооружување, зборувам за тоа што го направивме. Нашите вооружени сили се посилни од било кога. Потрошивме 2,5 билиони долари на нив во последните 3,5 години. Сега имаме нови ракети. Се надевам дека никогаш нема да мораме да ги употребиме, но нашето нуклеарно оружје е во најдобра состојба во последните неколку децении“, изјави Трамп.

Американскиот претседател додаде дека САД поседуваат „неверојатни системи“ за кои никој не знае и најдобро е тоа да остане така.

„Знаете, јас реков – Ние имаме системи, ракети војска. Имаме системи какви што никогаш не сте виделе. Претседателот на Кина, Си Џинпинг нема такво нешто слично, како ни Путин. Никој го нема тоа што ние го поседуваме“, изјави Трамп пред своите поддржувачи во Мичиген.

Претседателот на САД порача дека се „болни“ тие кои што тврдат дека со ваквите изјави тој открива тајни.

„Едноставно сакам да кажам дека американските вооружени сили се најмоќни“, изјави Трамп.

Односите со Владимир Путин

Трамп исто така смета дека се неправедни критиките на негова сметка поради „согласувањето“ со Путин, Ким Јонг Ун и другите светски лидери.

„Сум се согласувал со Путин, тоа е „ужас“. Не, тоа е добро ако можам да се согласувам со него, тоа е добро. Јас му се допаѓам на Путин, тој ми се допаѓа мене. „Тој се согласува со Ким Јонг Ун, тоа е ужасно“. Не, тоа е добро, тоа е нормално. Нормално е да не се започнува војна“, изјави Трамп.