Трамп: Ќе ви бидам благодарен ако му го поштедите животот

645

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Иран да не го погуби борачот Навид Афкарај.

Трамп на „Твитер“ ја објави веста на „Фокс њуз“ дека Афкарај е осуден на смртна казна за учество на антивладини протести во 2018 година.

Обраќајќи им се на лидерите на Иран, Трамп рече дека ќе им биде многу благодарен доколку го поштедат животот на Афкарај, пренесува „Ројтерс“.