Трагедија во Русија: Најмалку осум лица изгореа во куќа во Сочи

195

Најмалку осум лица загинаа во пожарот што се случи во една куќа во рускиот град Сочи, соопштија службите за итни случаи. Пожарот беше изгаснат два часа откако пожарникарите дојдоа на местото на настанот, рано наутро во понеделникот.

За време на гасењето на пожарот беше пронајдена и осмата жртва. Портпаролот на администрацијата во Сочи изјави дека пожарот можеби е предизвикан од скарата што ја правеле соседите.Според првите податоци, загинаа осум изнајмени работници од постсоветските земји.

Уште две лица имаат изгореници, а третото скокнало од вториот кат од зградата за да избега од пожарот. Сите тројца се хоспитализирани.

Официјалните лица на Сочи соопштија дека парцелата на која избувна пожар е во сопственост на државната компанија „Руски железници“. Огнот, кој беше ставен под контрола, зафати површина од 300 квадратни метри. Пожарникарите во моментов го испитуваат теренот. Причината за пожарот сè уште се утврдува.