Трагедија во Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

801

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и заврши во ѕидот на куќа. Веста за несреќата ја потврди градоначалникот Круза Фелипе Соуса.

„Најмалку 29 лица загинаа, меѓу нив има 11 мажи и 17 жени и сите се германски државјани“, рече тој.

Несреќата се случила вчера околу 18.30 часот кога автобусот од непознати причини излетал на свиок и усрил во една куќа. Возачот и водичот на групата се повредени, а во болницата во градт Фунчало се примени 22 патници, пренесе националната агенција Луса.

Претседателот на Португалија, Марчело Ребело де Соуса ќе го посети местото на несреќата.