Трагедија со многу жртви во Мајами: Се урна 11-катна зграда, во тек е спасувачка акција

509

Станбена зграда од 11 ката во близина на Мајами Бич се урнала рано утрово.

Зградата се урнала во околу 2 часот по полноќ по локално време. Операцијата за спасување е во тек.

Се стравува дека има многу жртви и дека голем број на луѓе се заробени во урнатините.

Повеќе од 80 пожарникари и спасувачи трагаат по повредени.

На социјалните мрежи вознемирени граѓани споделуваат снимки на кои се гледаат остатоците од урнатата зграда.

Моментално не е познато што го предизвикало рушењето на зградата.