Веќе стартуваа предоскаровските дружења во театарот Долби во Лос Анџелес, а тимот на „Медена земја“ веќе успеа да го привлече вниманието и застана рамо до рамо со светските актери.

На Фејсбук профилот на Зоран Ристевски осамнаа фотографии на кои нашата екипа е фотографирана со голем број на познати актери, а мегу нив се Бред Пит, Леонардо ДиКаприо, Ал Пачино, Роберт Де Ниро, како и режисерот Квентин Тарантино.

„Само да разјасниме, јас не стоев до него, тој стоеше до мене“. Вака на шега ко-режисерката на „Медена земја“, Тамара Котевска, ја искоментира фотографијата на која е застаната до холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо.

Секоја чест дечки и ве чекаме назад во Македонија со барем една освоена статуетка! Вие тоа го заслужувате!

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















