6.000 луѓе заробени на италијански крузер поради сомнение на корона вирусот

253

Крузерот во Италија е ставен во карантин поради сомнение за појава на зараза со корона вирус, јавува AFP.

Околу 6.000 луѓе се заробени на италијанскиот крузер додека се спроведуваат тестови на двајца патници од Кина, за кои постои сомнение дека се заразени со корона вирусот, изјавил портпаролот на компанијата “Коста Кросијер”.

Парот дошол во Италија на 25-ти јануари и истиот ден влегол на бродот Коста Смералда во пристаништето Савона.

После тоа добиле зголемена температура, а имаат и тешкотии со дишењето, пренесува “Reuters”.

Крузерот го посетил францускиот град Марсеј и шпанските пристаништа Барселона и Палма де Мајорка, пред да се закотви во градот Чивитавекија, северно од Рим.

Според зборовите на портпаролот на компанијата, на никој не му е дозволено да го напушти бродот додека не се открие дали кинескиот пар е заразен со смртоносниот вирус.

Многу земји денес почнале да спроведуваат изолација на илјадници луѓе евакуирани од кинескиот град Вухан, епицентарот на епидемијата, за да се спречи ширење на вирусот.