Телохранителите на Ким повторно шокираат: Набљудувачите во Владивосток не можеле да веруваат што гледаат! Чуварите излегле од возот и го направиле ова

1232

Набљудувачите кои го чекале лидерот на Северна Кореја, виделе необична сцена на станицата во Владивосток.

Додека возот уште пристигнувал на станицата, телохранителите на Ким Јонг Ун истрчале надвор и почнале да ги полираат вагоните.

Во црни деловни одела и бели ракавици, мажите биле снимени како трчаат покрај возот и ги бришат прозорците и вратите на оклопниот воз со кој Ким пристигнал на својот прв состанок со рускиот претседател, Владимир Путин.