Теа Трајковска откри која е најлудата работа која ја направила за некое момче

641

Јавните личности изминатиот период не само што имаат време да ги прават работите за кои претходно можеби немале доволно време, туку имаат и време да се дружат со своите фанови, следбеници на социјалните мрежи.

Така тие времето во изолација го користат да се приклучат на социјалните мрежи и да се дружат со оние кои ги следаат.

Некои разговараат со фановите, некои споделуваат спомени, трети држат оналајн концерти и слично.

Македонската пејачка Теа Трајковска деновиве се приклучи на „Инстаграм“ и на нејзините следбеници им одговараше на разни прашања како од професионален така и од приватен план.

Дали би живеала во друга држава и каде?

  • Појма неам каде ќе ме однесе животот, иако засега немам такви планови, можеби некогаш“.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ТЕАТРАЈКОВСКА

Дали ќе има враќање на концерти и настапи и ноќен живот наскоро?

  • Никој не зборува на темава и на никој од моите колеги не му е јасно кога ќе можеме да се вратиме на работа и кога ќе има услови да се реализира културно забавна дешавка. Се надевам дека некој од надлежните ќе се сети на нас и ќе може да се организира функционирање и работење согласно мерките кои се предложуваат.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ТЕА ТРАЈКОВСКА

На прашањето кога свадба, Трајковска вели:

  • Поблиску сум во моментов до пеење по свадби отколку до правење своја.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ ТЕА ТРАЈКОВСКА

Која е најлудата работа која си ја направила за некое момче?

  • Што воопшто сум дала шанса.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ТЕА ТРАЈКОВСКА

Дали веруваш на љубов на прв поглед?

  • Па да речеме да.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ ТЕА ТРАЈКОВСКА