Тамара Јованов: Да престанете да го плашите народот за вирусот од септември

1447

Тамара Јованов: „Заплашувањето во Ковид комуникацијата (од септември ќе биде страшно) МОРА ДА ЗАПРЕ!
Зошто?

Бидејќи создава преголема и непотребна НЕИЗВЕСНОСТ во која луѓето и фирмите НЕ МОЖАТ УШТЕ ДОЛГО ДА ОПСТОЈАТ.
Над 73% од анкетирани (над 1000 граѓани) доживеале осиромашување во кризава поради отпуштање од работа (52%) и намалени примања (21%) или распределба на друга работна позиција.

Значи, во најголемата криза на земјава, нов огромен број на луѓе НЕМААТ ОСНОВНИ ПРИХОДИ за живот (додадени на оние 450.000 кои веќе живееја под прагот на сиромаштијата).

Дополнително, бројот на затворени фирми во овие 6 месеци е околу 5000 фирми (ако продолжи темпото, ќе биде дупло поголем во споредба со бројот на затворени фирми (околу 5000) во текот на минатата ЦЕЛА година).

Најмногу се затворени микро и мали (најчесто фамилијарни бизниси), што значи дека ЦЕЛИ СЕМЕЈСТВА (најчесто 4-5 члени со деца) остануваат без храна дома.

Владата не спомнува наредни економски мерки, останатите компании планираат нови отпуштања и кратење на трошоци, луѓето се плашат од тоа дека ќе бидат следни на листата за отпуштање и го штедат секој денар и ништо не купуваат (што повторно дополнително ги ослабнува компаниите).

Наместо КОНТИНУИРАНО СЕЕЊЕ СТРАВ, одговорните треба да го направат следново:

1. Под итно да воведат строга имплементација на најнеопходните мерки (маски во затворен простор, физичка дистанца и негрупирање);

2. Под итно да подготват следни чекори за помош на граѓаните и компаниите и што побрзо да ги споделат со јавноста за да се намали неизвесноста;

3. Транспарентно да не’ информираат за носењето одлуки и факторите кои влијаат на тоа;

4. Да образложат како планираат да се продолжи понатаму во различни сценарија (имајќи предвид дека полициски часови по цели денови ќе биде неприфатливо);

5. Да најдат начин како јавното здравство да продолжи да функционира за сите потреби на граѓаните;

6. Да обезбедат услови (компјутер и интернет) за секое дете кое треба да следи он-лајн настава, а ги нема (ова ќе го решат со помалку од половина милион евра, во споредба со тендерот од 15 милиони за софтверски решенија од неодамна).

Ова треба да биде ПРИОРИТЕТ, пред се’ останато, за да можат луѓето да претпостават како ќе се одвиваат работите и да се намали стресот и сите други несакани ефекти од НЕИЗВЕСНОСТА.

Пс. Не можеме сите вечно да седиме дома! Ако не преземете нештко конкретно, наскоро наместо дома, ќе ви бидеме по улици!“