NBA колумна на Димитар Младеновски: Ja Morant – иднината на бековската позиција (ВИДЕО)

170

Temetrius Jamel “JA” Morant е се само не е обичен бек поентер. Главна одлика – неисцрпна желба и напорна работа. Од релативно непознат средношколец до 2 избор на драфтот оваа година. Краток осврт на еден од најексплозивните млади играчи кој пристигнале во лигата во последните години.

Роден 1999 год. во малото градче Dalzel во Јужна Каролина од уште  најрана возраст “JA” се соочува со еден од најголемите предизвици, да го импресионира својот тренер, ментор и (до денешен ден) најголем критичар – неговиот татко. Тее Morant е поранешен професионален кошаркар и кондиционен тренер. Секој кој бил сведок на начинот на кој го тренирал својот син, го опишува како најблаго кажано брутален. Токму тој начин на воспитување ке биде поттик Ja Мorant да сране 3-кратен средношколски шампион со Sumter High School – Crestwood со фантастичен просек (27 поени / 8 скока / 8 асистенции) и школарина од универзитетот Murray State. Токму тоа лето 2015 пораснува цели 13 cm. (од ситен плејмејкер од 1.72 cm во мускулест продорен бек од 1.86 cm).

Колеџ кариерата на Morant е најблаго кажано успешна. Две одлични сезони во кој се промовира во еден од најатрактивните плејмејкери во NCAA лигата. Ланската сезона беше посебно раскошна на индивидуално поле. Со свои 18 години станува најдобриот бек во САД и добива огромно внимание од медиумите. Пораснува уште екстра 10cm. и станува уште посилен и побрз. Пред драфтот NBA експертите му предвидуваат блескава иднина и Топ 3 избор меѓу најдобрите во својата генерација.

На овогодинешниот драфт, тимот на Memphis Grizzlies го одбира Ja Morant како втор избор. За тоа колку “гризлис” веруваат во него доволно говори податокот што на само 2 дена пред да го донесат во своите редови се откажаа од нивниот (можеби) најдобар играч во историјата – Mike Conley кој го испратија во Јута. Неспорно е дека во својот нов “плеј” Memphis добива ултра брз и раскошен стрелец кој неретко е споредуван со величини како Tim Hardaway Senior, Rod Strickland како и млад Derrick Rose.

Агресивноста во играта како и неисцрпната енергија со која се појавува на теренот Morant го поврзува со уште едно звучно име, неговиот идол Russell Westbrook. Во моментов можеби најадекватна споредба е мулти талентираниот бек на Sacramento Kings – одличниот De’Aaron Fox. Шутот е нешто на кое што ќе мора да поработи, како и добивање на мускулна маса за борба под обрачите секоја вечер.

Знаејќи за каков карактер на играч станува збор на толку млада возраст (19 години) за очекување е дека ке напредува од година во година на секое поле. Лично, се надевам дека во Ja Morant ке го видиме “новиот Steve Francis” – играч кој постарите љубители на кошарката го паметат  по спектакуларноста, цврстината и брзината со која се појавуваше секоја вечер. Слобода во играта неспорно е дека треба да добие веднаш. Останува нестрпливо да го очекуваме стартот на новата сезона за да се увериме што се ова момче може да направи!

NBA FAN

Димитар Младеновски