Исто како и луѓето, така и големите градови се раѓаат, развиваат и менуваат. И како што во текот на животот сите ние добиваме прекари кои најдобро не’ опишуваат, така и големите светски градови ги добиле своите прекари по кои целиот свет ги препознава.
Природните одлики и положбата, некој историски момент или личност кои го одбележале градот, архитектонската специфичност и многу друго послужиле како инспирација при осмислување на овие прекари.

Загреб во Европа е познат и како Малата Виена, поради својата архитектура, додека Нови Сад многумина го нарекуваат Српската Атина.
Како еден од најголемите градови во Европа, Будимпешта е Бисерот на Дунав, а поради својата убавина Букурешт е познат и како Малиот Париз. Самиот Париз е познат како Градот на светлината поради водечката улога во текот на просветителскиот период во Европа, или Градот на љубовта бидејќи токму француската престолнина е една од најромантичните туристички дестинации.
Рим е познат како Вечниот град затоа што секогаш бил престолнина, додека Гауди толку ја обликувал Барселона што таа денес е позната и како Градот на Гауди или Градот на грофовите. Јасно е зошто Ерусалим е Светиот град, Милано – Светската престолнина на модата, Бордо – Градот на вината, а Гренобл – Престолнина на Алпите. Помеѓу останатите, Москва е позната и како Третиот Рим.

Од поголемите европски градови, Виена е позната како Царски град, додека Прага е Градот на 100-те кули. Венеција е Невестата на морето, а градовите во северна Европа како Бруж, Амстердам и Санкт Петербург го делат прекарот Венеција на северот поради фактот што стотици мостови ги пресекуваат нивните канали по угледот на “вистинската” Венеција.

Њујорк е познат по прекарот Големото јаболко, додека коцкарската престолнина на светот, Лас Вегас, е Градот на гревовите. Чикаго е Ветровитиот град, а Филаделдија – Градот на братската љубов.
Најголемите градови во Јужна Америка се Бразилската локомотива (Сао Паоло) и Американскиот Париз (Буенос Аирес). Рио де Жанеиро е честопати нарекуван и Величенствениот град.

Индискиот Мумбај го носи романтичното име Градот на соништата, Сингапур е Градот на лавовите, Хонконг е вистински Бисер на ориентот, а секогаш строгиот Пекинг е Забранетиот град.
Во Африка, Каиро е познат и како Париз на Нил, а необичниот прекар Градот на портокаловата боја го носи градот Маракеш.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



