Суд во Перу ги прогласи Сорос, Гејтс и Рокфелер „творци“ на пандемијата на коронавирусот

113

Апелациониот суд на провинциите Чинча и Писко во јужниот перуански регион Ика ја утврдил вмешаноста на „злосторничките елити кои доминираат со светот“ во создавањетпо на пандемијата на новиот коронавирус, се наведува во изјавата на членови на судскиот совет во една од нивните одлуки, од која копија беше објавена на во понеделникот на електронското издание на весникот Peru.21.

„Кривичниот процес беше парализиран поради пандемијата на Covid-19 создадена од криминалните елити кои доминираат во светот и кои ги парализираа активностите во речиси секоја земја во светот и никој не ја замислуваше нејзиното доаѓање и продолжување во иднина“, се наведува во образложението на тричлениот судечки совет.

„Ниту една светска влада, ниту едно физичко или правно лице, ниту една одбрана на обвинетиот не може да потврди дека епидемијата има својство на ‘предвидливост’, освен како што нејзините творци од редот на (авторите) на новиот светски поредок, како што се Бил Гејтс, Сорос, Рокфелер и други, управувајќи ја и водејќи ја во услови на крајна тајност преку нивните глобални корпорации, правејќи прогнози до 2030 година“, додава во документот датиран од 21-ви декември 2020 година.

Самиот судски случај се однесувал на жалба од одбраната на лице обвинето за тешко кривично дело на претходна пресуда, според која на обвинетиот му е продолжен превентивниот притвор поради тоа што поради пандемијата на коронавирусот ги парализирала институциите, како што забележуваат тројцата судии. Според адвокатите, судиите со својата одлука го нарушиле правото на нивниот клиент на образложена одлука и правото на судска заштита.

„Наместо релевантни аргументи, тие презентираа шпекулативни обвинувања“, изјавил адвокатот Ренци Риега за радиостаницата RPP.