Страшни поплави во Италија, 6 мртви! Венеција речиси цела поплавена: Драматични сцени, 75 проценти од копното е под вода

1082

Пет лица ги загубиле своите животи, а едно се води како исчезнато во невремето што ја погодило Италија.

Две лица загинале кога дрво паднало на автомобил во кој се се наоѓале на пат јужно од Рим, соопштил Црвен крст.

Во местото Терачино во близина на Рим едно лице загинало а друго се здобило со тешки повреди кога дрво паднало на автомобил во движење, додека едно момче го загубило животот во градот Сан Никола ла Страда, во близина на Неапол, кога на него паднал бор додека минувал.

Во Савона на пат кон болница загинале жена која била тешко повредена од предмет кој го носел ветерот.

Менаџер на еден турски сајт исчезнал откако невремето ја уништило едрилицата во која се наоѓал.

Како што се наведува, во шест региони во Италија е прогласен црвен метеоаларм поради ветрови и обилни дождови, а најзагрозени се Ломбардија, Венето, Лигурија и Абруцо, каде јачината ветерот достигнува 100 километри на час.

Во многу градови, вклучувајќи ги Рим и Неапол, сопрена била наставата.

Секторот за цивилна заштита на градот Рим ги предупредил граѓаните да го ограничат движењето поради лошите временски услови, наведувајќи дека во наредните часови времето веројатно ќе се влоши.

Во Милано биле повредени две лица, кога на нив паднале гранки дрво, додека во Рим паднало едно стебло и оштетило автомобил.

Во италијанската престолнина отежната е и работата на метрото и железничките линии кон морскиот брег Остија.

Едно време поради одрон бил сопрен сообраќајот на автопатот кон границата на Италија со Австрија.

Ширум Италија пожарникарите интервенирале 1.600 пати, од што 700 во Тоскана, 6000 во Лацио и 200 во Венето и Лигурија.

Поради невремето затворени биле археолошките наоѓалишта во Помпеа, Рим и Херкуланем.

Иако нивото на морето во Венеција многу пораснало и речиси 75 проценти од градот е под вода, железничкиот сообраќај во Венеција и остатокот од земјата засега функционира нормално, наведува италијанската агенција.