Граѓанските здруженија кои се против работата на извршителите ја продолжуваат својата битка како што велат до конечна правда. Своите маки, но и проблемите на огромен број на граѓани, му ги претставија и на претседателот на државата Стево Пендаровски. Според нив, тој бил запрепастен кога ги чул тешкотиите со кои се соочуваат некои граѓани. Пендаровски ветил дека ќе разговара со премиерот Заев и ќе се обидат заеднички да ги решат проблемите.
Има примери, му презентиравме на претседателот, граѓанин земал кредит пет илјади евра или триста илјади денари, замислете кога ни ги покажа документите – требал да врати еден милион и двесте илјади денари. Толку е целокупниот долг што треба да го врати. Тоа е веќе неиздржливо – изјави Марјан Ристески „Стоп за Извршителите“.

Граѓанските здруженија се жалат дека ниту новиот закон за вршење на извршителската дејност не се почитува. Тврдат дека и натаму се наплаќа по старо, за минимални суми се бараат огромни долгови за наплата.
Еве на пример Водовод кој до некаде го почитува законот. Оди граѓанин во Водовод и вели дајте според законот да го платам долгот без камата. Тие не сакаат да наплатат и ги праќаат граѓаните кај извршителите, а знаете кога ќе отиде граѓанин кај извршителите Господ знае што сè ќе му наплати извршителот – рече Марјан Ристески „Стоп за Извршителите“.
Претходно граѓанските организации имаа средба и со премиерот Заев и со ресорните министри, но засега нема ништо од тие средби. Ставот пак на Комората на извршители останува непроменет. Оттаму велат дека со новиот закон и начин на наплата драстично им се намалила заработката и биле принудени да отпуштат голем број вработени во оваа дејност. Во земјава има 101 извршител, а во самата дејност работат околу 600 лица. Податоците на здруженијата велат дека, само лани во Македонија извршителите издале 400 илјади извршни решенија, а од граѓаните и фирмите биле наплатени над една милијарда евра.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












