Столтенберг: Кина и Русија сакаат да напишат нови правила на светскиот поредок

595
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ги обвини Кина и Русија дека дејствуваат против меѓународниот поредок и сакаат да напишат нови правила.

„Европа и Северна Америка мора да го бранат поредокот заснован на правила, што е оспорено од авторитарните власти“, рече Столтенберг на Конференцијата за безбедност во Минхен, што се одржува виртуелно.

„Кина и Русија се обидуваат да ги препишат правилата за да може да работат во нивни сопствени интереси“, додаде тој.

Затоа, НАТО треба да ги продлабочи односите со партнерите како Австралија и Јапонија и да создаде нови партнерства низ целиот свет, нагласи Столтенберг.

„Само со заедничко дејствување можеме да ги охрабриме другите да играат според правилата“, нагласил тој.