СТОИЛОВ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО ГО ОДБРАВ ДРЕСОТ СО БРОЈ 5, НАЈВЕРОЈАТНО ОТИ НЕМАВ МНОГУ ПЕТКИ ВО УЧИЛИШТЕ (ВИДЕО)

99

Само неколку дена не делат од стартот на новата сезона во СЕХА-лига во која Вардар влегува како бранител на титулата и рекордер по освоени пехари.

Првиот Магазин на регионалното натпреварување почна од Скопје, со капитенот Стојанче Стоилов. Големиот борец на македонскиот и европски првак открива интересни детали, зборува за времето изминато и за она што ги очекува во новата сезона.

„Чест ми е што сум капитен на овој тим. Вардар е мојот клуб, целиот живот навивам за Вардар, за мене и за мојата фамилија овој тим значи многу, па сето тоа си носи своја тежина“, вели Столе.

На прашањето зошто токму го одбрал дресот со бројот пет, тој се пошегува:

„Не знам, немам некоја посебна причина…Можеби оти немав многу петки во училиште. Упте кога почнав да играм кошарка го носев трој број“.

Столе испрати бројни комплименти за сите момци кои минале во дресот на Вардар, и оние кои на дело ќе ги видиме сезонава.

„Момците се вистински лудаци. Чест ми е што сум дел од овој тим, имаме млади играчи, одлично се вклопуваат. Вардар го краси атмосферата, се останува во соблекувалната, таа хемија е нашето оружје.

„Во текот на годините запознав многу ракометари, со дел од нив се зближив премногу, секако не можеш да се дружиш со сите. Ми фали Кара, Циндра, Абутовиќ, Марсениќ…криво ми е што си заминаа“.

*Целото интервју погледнете го продолжение…