Поранешна стјуардеса на аеродромот во Лос нџелес, Синди, која ТикТок го користи под името @_sincindy, одлучи да расаже какви се познатите личности што ги запознала преку својата работа. Без проблем призна кој бил љубезен спрема неа, а кој арогантен.
Имено, славната раперка Ники Минаж доби оцена 2 од 10, а еве зошто:
Баш беше ку*ка! Не сакаше да излезе од авионот додека сите излезат, што е невозможно, затоа што стјуардесите последни го напуштаат леталото. Пред случката, бев нејзина голема обожавателка, но веќе не сум“, вели Синди.
Бед Бани доби оцена 10 од 10.
Тој е многу љубезен и драг, се ракуваше со мене, па за малку ќе умрев“, раскажува Синди.
Кендал Џенер доби двојка како Ники.
Секогаш кога леташе, не беше ни малку љубезна кон луѓето и чекореше со дигната глава и арогантно.“
Ѕвездата на серијалот „50 нијани сива“ Дакота Џонсон доби деветка, но само затоа што го заборавила пасошот.
Имавме многу патници и го одложивме летот еден час, но таа сепак не се врати. Кога ја сретнав повторно ја задевав поради тоа, но таа беше љубезна и се смееше“, раскажа Синди.
Синди за BuzzFeed рече дека повеќето познати личности се навистина љубезни.
Повеќето од нив се скромни и нормални луѓе, па убаво е да се видат во такво светло, различно од она во кое ги гледаме на големото платно“, заклучува бившата стјуардеса.