Емотивна исповед на Жељко Јоксимовиќ – Откри дека со Јована повеќе не можат да имаат деца

400

Жељко Јоксимовиќ (46) во интервју за хрватските медиуми открил неколку детали од приватниот живот кои јавноста досега не ги знаела

Жељко Јоксимовиќ (46) во интервју за хрватските медиуми открил неколку детали од приватниот живот кои јавноста досега не ги знаела.

Имено, пејачот кој во неколку наврати истакна дека би сакал да има уште деца, сега изјавил дека тоа нема да се случи. Како што објаснил,Јована (37) со близинаците имала тешка бременост и уште потешко породување.

Не можеме повеќе да имаме деца. Од нас сепак толку, рекол Жељко.

Потсетуваме, Јована и Жељко го имаат синот Коста и близначките Ана и Срна. Пејачот од претходниот брак пак ја има и ќерката Мина која минатата година во август наполни 23 години, која е преубава и се повеќе налукува на својот славен татко.