Српската водителка на која автобус ѝ ја откина раката, ја објави својата прва фотографија

568

Водителката од српската телевизија Пинк, Деа Ѓурѓевиќ сè уште закрепнува од сообраќајната несреќа во која налетал автобус и ѝ ја откинал раката.

Како што пренесува српскиот Курир, минатата недела е пренесена на одделот за интензивна нега во ВМА, на клиничкиот центар во Србија, а нејзиното закрепнување добро се одвива.

Овие денови во болницата ја посетил сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ, па Деа објавила селфи со него.

View this post on Instagram

Najjači smo! 💪😊😎

A post shared by DEA Djurdjevic_official (@deadjurdjevic) on

„Најсилни сме“, напишала таа.

„Мојата Деа е сè подобро и подобро и наскоро се враќа на работа“, напишал Митровиќ на Твитер, после посетата.

 

loading...