Српска политичарка доби кокошка во глава, кажала дека Вучиќ соработува со криминалци (ВИДЕО)

116

Потпретседателката на Партијата за слобода и правда (ССА), Мариника Тепиќ, тврди дека членовите на криминалната група на неодамна уапсениот Вељко Беливук го обезбедувале српскиот претседател Александар Вучиќ.

Мариника Тепиќ се обрати пред новинарите пред седиштето на партијата СНС во Панчево, а приврзаниците на Вучиќ со извици и навреди го попречувале нејзиното обраќање. Собирот беше на работ да прерасне во поголем инцидент.

“Ова е човек по име Владимир Грек. Тој е меѓу уапсените заедно со Вељко Беливук. Ова е човек кој беше снимен на 28 април 2020 година, како доби директива пред седиштето на СНС во Панчево да ги запали срамните факели против опозицијата и Драган Ѓилас”, рече Тепиќ, покажувајќи фотографија од лицето за кое тврди дека е споменатиот Владимир Грек, пренесе Нова.рс.

Цело време, група луѓе стоеле крај неа, извикувајќи навреди и правеа врева, и во еден момент фрлија жива кокошка кон Тепиќ.