Спречена тешка кражба од возила во кругот на Педагошки факултет, приведен крадецот

129

На 18.12.2020 во 04.30 часот во кругот на Педагошки факултет Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода A.Б.(41) од с.Бардовци, скопско, поради сомнение за кривично дело „тешка кражба“.

Околу 03.45 часот на ул.„Дрезденска“, полициски службеници го забележале при извршување тешки кражби од патнички возила. Тој бил приведен во полициска станица и му биле одземени украдените предмети. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.