Спектакл на небото: Погледнете ги неверојатните снимки од целосното помрачување на Сонцето

328

Илјадници набљудувачи се собрале во Јужна Америка за да ја видат ретката појава – целосното помрачување на Сонцето, кое се случува кога Месечината ќе го сокрие Сонцето.

Тргнувајќи од насока на Тихиот океан, појасот од видливо помрачување се протегал преку Чиле и Аргентина, па овој спектакл можеле да го гледаат и снимаат локални ентузијасти и најмоќните телескопи на светот.

Гледачите на овој природен феномен можеле да уживаат во сите фази на целосно помрачување кои се проследени од неверојатни светлосни ефекти. Го виделе светлосниот прстен околу Месечевата плоча кој настанува поради географските возвишувања, односно, брдата и планините на Месечината, и феноменот Дијамантски прстен, кој го обележува почетокот и крајот на целосното помрачување.

“Помрачувањето на Сонцето ве маѓепсува во целост. Проблемот е единствено во тоа што ви се чини, колку долго и да трае, дека се е готово за десетина секунди. Сакате да викнете: Врати се, врати се, не сум готов со снимањето”, рекол астрономот Патрик Мекарти.

Мекарти, потпретседател на проектот “Магелан”, телескоп кој се гради во пустината Атекама во Чиле, рекол дека набљудувањето на помрачувањето на Сонцето е неверојатно чувство.

Инаку, во Атакама целосно помрачување на Сонцето немало уште од 1592-ра година. Следното се очекува дури во 2165-та. Токму од таа пустина имало и најубав поглед на поморачувањето, каде недостигот од луѓе и градски светла и тоа како влијае на тоа небото таму да е најчисто.

“Боите стануваат сини, сенките се менуваат и се на земјата изгледа поразлично. Како светот да станува потемен и да ги губи своите бои”, додал тој.

Помрачувањето најпрво се видело во Чиле во Ла Серена, град со околу 200.000 луѓе, каде дошле уште 300.000 посетители кои ја принудиле локалната водоводна компанија да го зголеми производството, а сервисните бензински станица да складираат дополнително гориво.

Илјадници посетители отпатувале во соседните подрачја на Аргентина, каде помрачувањето исто така било целосно.