Откриен ланец на проституција: Во Тирана се ангажираат како секретарки, а во Македонија завршуваат како проститутки

1232

Под името на едно уметничко друштво, во Тирана се ангажираат девојки како секретарки, а потоа ги регрутираат како проститутки во ноќен клуб во Тетово.

Новинарите од емисијата „Fiks Fare” која се емитува на националната албанска телевизија „Top Chanel“  ја откриле оваа мрежа на проституција и покажале како се регрутираат нови девојки, кои ја минуваат границата со Македонија под чадорот на уметничкото друштво, а потоа работат како сексуални работнички во ноќни локали.

Новинарката од „Top Chanel“ телефонираше на бројот што оваа здружение го имаше објавено на онлајн портал за работа. На телефон, одговори претседателот на ова здружение, кој веднаш изјави дека е заинтересиран за девојката и накратко ја објасни позиција на работа. Потоа веднаш закажа состанок со новинарката која се претстави како заинтересирана за работа.

Во продолжение погледнете како се одвиваше целиот разговор и патувањето од Тирана до клубот во Тетово.