Случај кој до денес e мистерија: Kиднапирал авион, зел милион долари, па скокнал со падобран – никогаш повеќе не бил виден

108

По тој настан тој никогаш повеќе не бил виден во јавноста, а исто така не бил потврден ниту неговиот идентитет, а до денес тоа останува најголемата авиомистерија во САД.

Сè започнало на 24-ти ноември 1971 година кога маж во свои 40-ти години купил карта во еден правец, а очигледно дека се претставил со лажно име.

Штом авионот полетал Дејв ѝ дал хартија на стјуардесата и ѝ кажал да го прочита тоа што пишува на неа поради тоа што има бомба во него.

Сведоците потврдиле дека тој ѝ ги покажал многубројните жици, а дали тоа навистина било бомба или не – не е докажано до денес.

„Воопшто не беше нервозен. Беше многу пријатен, без агресија. Постојано беше смирен, бараше пијалаци и оброци од стјуардесата“, сведочеле патниците.

Откако авионот слетал во Сиетл мажот побарал од патниците да му дадат милион долари во готовина и четири падобрана. Штом било исполнето тоа побарал авионот да полета кон Мексико Сити.

Купер кој што бил во пилотската кабина заедно со екипажот кажал дека ќе оди во тоалет, но по подолго време тој не се вратил, па стјуардесата сакала да провери што се случува со него.

Го забележала како со падобранот и парите врзани околу себе скока од авионот. Оттогаш тој никогаш не бил пронајден ниту жив ниту мртов.

Инаку, во таа 1972 година во САД се случиле 32 киднапирања на авиони, од нив 15 признале дека го „имитирале“ Купер.

ФБИ имало многу осомничени лица за тие злодела, иако некои од нив навистина биле интригантни, сепак ниту за еден немало доволно докази.