Сајтот „Вoндеру“ направи листа за туристите, со спoредба на трошоци врзани со хотели, такси, јавен превоз, храна, пијалоци, кафе и влезници во музеи. Ги рангираше главните градови во Европа, од најекономични до најскапи, користејќи специјална методологија, базирана на просечните навики за трошење на туристите кога посетуваат ново место .
Генерално, земјите во Источна Европа имаат најдобро цени за туристите. Има историски и научни атракции, и разновиден ноќен живот. На другата страна од скалата, се Северна и Западна Европа со висок трошок на живеење, но и можности за уникатни искуства.

„Иако главниот град на Македонија, Скопје, е најевтин главен град во регионот и во Европа, сепак трошоците за храна, пијалок и за влезници во музеите се повисоки од трошоците во Анкара, Приштина и во Киев“, пишува на „Вондеру“.
Меѓу информациите објавени на сајтот, има интересни податоци како на пример : кафето во Скопје е поскапо од кафето во Рим, едно пиво на Исланд чини колку шест во Скопје, една вечера во ресторан во Монако чини колку шест вечери во Скопје.

Иако Брисел не е баш најевтин, сепак е град во Западна Европа кој туристите може најмногу да си го дозволат, а најскап е Монте Карло.
Во Северна Европа, наjевтин град е Вилнус во Литванија, а најскап Рејкјавик во Исланд. Во Централна Европа најевтин град е Братислава, а Виена е најскап.

Киев е најскап град во Источна Европа, а Скопје најевтин. Во Јужна Европа, Никозија (Кипар) е најевтин град, а Валета (Малта) најскап.
Во Европа, Скопје има најевтини хотели, а по него се Подгорица, Приштина, Ереван и Минск, додека пак најскапите хотели се во Монте Карло, Рејкјавик, Даблин, Амстердам и Лондон.
Москва има најевтин такси превоз, а Лондон најскап. Кишинев во Молдавија е прв на листата со евтин јавен транспорт, а Вадуц во Лихтенштајн со најскап.
Пивото е најевтино во Баку, а најскапо во Рејкјавик, кафето е најевтино во Киев, а најскапо во Копенхаген.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)














