Скопјани купуваа на „Блек фрајдеј“, пајаци им ги дигаа автомобилите

66

Додека Скопјани купувале на попуст за „Блек фрајдеј“ (Црн петок), пајак-службата креваше непрописно паркирано возило вчера околу Skopje City Mall и другите шопинг центри во главниот град,

Особено на овој ден има голем број на непрописно паркирани автомобили на тротоарите, зелените површини и на автобуските станици, а жителите од околните населби ликуваа на интервенциите на службата и споделуваа фотографии на социјалните мрежи.

Скопјани постојано се жалат дека на крстосницата на Партизански одреди помеѓу Skopje City Mall и Карпош 4 има постојано сообраќаен метеж, а купувачите ги закрчуваат улиците во маалските средини. Особено синоќа прометот беше огромен.

Град Скопје претходно предупреди дека ќе ги засили контролите поучени од негативните искуства од минатите години за време на блек фрајдеј.