Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Центар и Карпош, информираат од РЦУК – Скопје по добиената информација од ЕВН Македонија АД.
Во периодот од 08:30 до 11:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улица „Тодор Чангов“ – помалите подулици, како и корисниците лоцирани во делот од главната улица кон населба Лисиче во Општина Аеродром.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Дебарца“ и „Антоние Грубишиќ“ во Општина Центар.
Во период од 10:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. „Демир Трајко“ од бр.2 до бр.12. во Општина Карпош.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















